Кои се благодетите на масажата со врели камења

Кои се благодетите на масажата со врели камења

Секојдневниот стрес и напнатост кој го носи современиот начин на живот не тера во постојана потрага по вистински ефективни начини на релаксација и ревитализација. Поради тоа, интересот за масажите расте од ден на ден, а една од високо ефективните масажи, односно терапијата со врели камења се наоѓа на самиот врв на листата најбарани масажи во светот.

Се  користат  вулкански  и  метаморфички  камења  кои  со  своите  лековити  својства ја ослободуваат  болката  и  го  освежуваат  целото  тело преку топлината која ја испуштаат.

Оваа масажа потекнува од далекуисточните, холистички традиции за нега на телото.

Во третманите се користат базалтни камења со мазна и фино избрусена површина, со цел полесно да лизгаат по телото.

Главната благодет на ваквиот тип масажа е својството на овие камења долго да ја задржуваат топлината и добро да ја спроведуваат во допир со човековото тело.

Топлината распределена на овој начин, на одредени точки по телото има повеќекратно благотворно дејство на целиот организам: кожата, мускулите, кардиоваскуларниот систем, лимфниот систем, како и нервниот систем. Третманот со врели камења помага и во лекување на следните симптоми, слаба циркулација, ревматски и артритични состојби, фибромијалгија, болка во грбот, стрес, анксиозност и напнатост, несоница и депресија.

Третманот со врели камења се препорачува на сите кои сакаат да се опуштат и да го поправат расположението.

Во терапијата со врели камења се   користат   и ароматски   производи кои ја  стимулираат  циркулацијата  и го освежуваат телото и духот. Чекорите   се   Ритуал,   Хидрофил   и масажа, одмор 5 -10 минути, туш.

Времетраење на третманот со врели камења е час и половина.

Масажата со врели камења е луксузно искуство за да се почувствува длабоко релаксирачка, продорна топлина од базалтните камења, нежно положени за максимален бенефит на телото и духот. #aseanaroyalspa #hotstonemassagge