Традиционални Бањи, сауна & џакузи
Хербална купка
Аромата на тревките Ви овозможува ослободување од стресот.
Користиме Деви Сри Спа од серијата Сензуал.
Чекорите се: Ритуал, Хидрофил, пилинг, туш, пареа, масажа, маска и капење со хербални тревки, лосион за тело и хербален напиток.
Времетраење на третманот: 2 часа 30 минути.
Купка со егзотични цвеќиња
Основана на безусловната љубов која на изморените души им нуди нега и внимание. Користиме Деви Сри Спа од серијата Сензуал. Чекорите се Ритуал, Хидрофил, пилинг, туш, пареа, масажа, маска и капење со млеко и црвени рози, лосион за тело, специјален напиток – егзотичен напиток од Асеана Ројал Спа (млеко со ѓумбир).
Времетраење на третманот: 2 часа 30 минути.
Купка со тропски овошја
Оваа купка ве носи во светот на севкупната убавина од кој излегувате прекрасно освежени, со повеќе енергија и подобрена самодоверба.
Користиме Деви Сри Спа (серија за балансирање на бојата на кожата, обликување на тело или ревитализација).
Чекорите се Ритуал, Хидрофил, пилинг, туш, пареа, масажа, овошна маска и капење со пена и тропско овошје (сезонско), лосион за тело, специјален напиток – сок од свежо овошје од Асеана Ројал Спа (сокот зависи од третманот).
Времетраење на третманот: 2 часа 30 минути.
Сауна
Сауната ја намалува напнатоста и стресот. Позитивно влијае на ревматски болести, артритис, и повредените мускули. Освен што ја подобрува циркулацијата на крвта, ја чисти кожата и ја отстранува нечистотијата. Престојот во сауна ги спречува настинките и грипот.
Времетраење на третманот: 30 минути.
Џакузи
Времетраење на третманот: 30 минути.