Традиционален рачен третман за лице

Традиционален рачен третман за лице

Во културите каде изгледот на лицето е особено ценет, не е за изненадување фактот дека вашето лице најточно го опишува она што се случува под вашата кожа.

Асеана Ројал Спа ви овозможува чисто уживање со козметиката која не содржи хемикалии и се состои од природни антиоксиданси, подготвена во духот на негуваната традиција од времето на древното благородништво од Индонезискиот остров Јава.

Класичен третман за лице за кој се користат природни производи, а кој се состои од чистење, пилинг, отстранување на црнки, масажа, маска и освежување. Овие третмани се хигиенски третмани наменети за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата.

Придобивките од традиционалниот рачен третман за лице се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво. Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство.

Традиционален рачен третман за лице се препорачува како основен третман за понатамошно третирање на кожата.

 

Времетраење на третманот: 1 час.

Износ на услугата: 1.000 ден.

РЕЗЕРВИРАЈ