Третмани на лице

Во културите каде изгледот на лицето е особено ценет, не е за изненадување фактот дека вашето лице најточно го опишува она што се случува под вашата кожа.

Асеана Ројал Спа ви овозможува чисто уживање со козметиката која не содржи хемикалии и се состои од природни антиоксиданси, подготвена во духот на негуваната традиција од времето на древното благородништво од Индонезискиот остров Јава.

Во Асеана Ројал Спа ви ги препорачуваме следниве третмани за лице:

  • Масажа на лице
  • Традиционален рачен третман за лице
  • Ароматски рачен третман за лице
  • Третмани за зголеменa пигментација
  • Третман за акни
  • Третман за дехидрирана кожа
  • Третман против бори
  • Третман за лице со топли камења
  • Атена микродермоабразија на лице
  • Атена микродермоабразија на лице
  • Intraceuticals Oxygen третман на лице
  • Третман за зоната околу очите и
  • Третман за нега на вратот

Масажа на лице

Класичен третман на лице со која се ослободува стресот и напнатоста на мускулите на лицето и со која се освежува вашиот изглед.

Делува против стареење на кожата, го подобрува тонусот и еластичноста на кожата, ја намалува напнатоста и главоболката, го отстранува стресот.

 

Времетраење на третманот: 30 минути.

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Традиционален рачен третман за лице

Класичен третман за лице за кој се користат природни производи, а кој се состои од чистење, пилинг, отстранување на црнки, масажа, маска и освежување.

Овие третмани се хигиенски третмани наменети за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата.

Придобивките од традиционалниот рачен третман за лице се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво.

Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство.

Традиционален рачен третман за лице се препорачува како основен третман за понатамошно третирање на кожата.

 

Времетраење на третманот: 1 час.

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Ароматски рачен третман за лице

Асеана Ројал Спа ви овозможува чисто уживање со козметиката која не содржи хемикалии и се состои од природни антиоксиданси, подготвена во духот на негуваната традиција од времето на древното благородништво од Индонезискиот остров Јава.

Класичен третман за лице за кој се користат ароматски производи, а кој се состои од чистење, пилинг (со пареа доколку е потребно), отстранување на црнки, масажа, маска и свежување.

 

Времетраење на третманот: 1 час.

 

РЕЗЕРВИРАЈ

ТРЕТМАНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНA ПИГМЕНТАЦИЈА

Со овој третман може да се намали хиперпигментацијата / темните точки на кожата на вашето лице со користење на природни состојки и безбедни производи.

Чекорите на овој третман се: чистење, дупли пилинг, отстранување на црнки и депилација на веѓи (доколку сакате), јонофореза (вбризгување на серум во кожата), масажа, маска и тонер.

За овој третман користиме серум од плацента (Мела-Фејд серум).

Опрема која се користи: фриматор четка, фриматор камен, испуштач на пареа / вапоризатор (доколку е потребно), галваник, вакум испрскувач.

Производите кои се користат се користат во зависност од типот на кожата (чистач, пилинг крема, навлажнувач, тонер и маска).

Маската може да се избере од Биокос (во зависност од типот на кожата или свежо авокадо измешано со каолин).

 

Времетраење на третманот: 1 час 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

ТРЕТМАН ЗА АКНИ

Со овој третман можат да се намалат мозолчињата / акните од кожата на вашето лице со користење на природни состојки и безбедни производи.

Чекорите на овој третман се: чистење, пилинг (доколку е потребно), отстранување на црнки и депилација на веѓи (доколку сакате), јонофореза (вбризгување на серум во кожата), лесна масажа (доколку клиентот нема многу мозолчиња), маска и тонер.

За овој третман користиме серум од содиум лаурет сулфат (А-контол серум).

Опрема која се користи: испуштач на пареа / вапоризатор (доколку е потребно), галваник, вакум вшмукувач, висока фрекванција и вакум распрскувач. Маската може

да се избере од Биокос (во зависност од типот на кожата или свеж лимон измешан со каолин).

 

Времетраење на третманот: 1 час 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Третман за дехидрирана кожа

Со овој третман може да се подобри влажноста на кожата на вашето лице со користење на природни состојки и безбедни производи.

Чекорите на овој третман се: чистење, лесен пилинг, отстранување на црнки и депилација на веѓи (доколку сакате), јонтофорезија (вбризгување на серум во кожата), масажа, маска и тонер.

За овој третман користиме серум за природно влажнење (Хидро Китосан). Опрема која се користи: Галваник или CoolCool и вакум распрскувач. Производите кои се користат се користат во зависност од типот на кожата (чистач, пилинг крема, навлажнувач, тонер и маска).

Маската може да се избере од Биокос (во зависност од типот на кожата или свежо млеко со мед измешани со каолин).

 

Времетраење на третманот: 1 час 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Третман против бори

Со овој третман се одржуваат природните линии на кожата, нејзи ната влажност и се намалуваат малите бори и добивате чувство на свежина поради природните состојки и безбедните производи.

Чекорите на овој третман се: чистење, лесен пилинг, отстранување на црнки и депилација на веѓи (доколку сакате), јонофореза (вбризгување на серум во кожата), масажа, маска и тонер.

За овој третман користиме колаген серум (кавијар). Опрема која се користи: Галваник или CoolCool и вакум распрскувач. Производите кои се користат се користат во зависност од типот на кожата (чистач, пилинг крема, навлажнувач, тонер и маска).

Маската може да се избере од Биокос (во зависност од типот на кожата или јајце од препелица измешано со каолин)

 

Времетраење на третманот: 1 час 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Третман за лице со топли камења

Природните камења на Асеана Ројал Спа потекнуваат од Источна Индонезија. Тие се собрани од три острови.

Овие камења се уникатни бидејќи нивната употреба се заснова на идејата „од древни верувања до модерни лекувања“.

Изворот на оваа идеја лежи во културните митови на народите од Источна Индонезија кои веруваат дека овие камења овозможуваат контакт со природата и затоа резултатот од нивната употреба е природно подмладување, исцелување и целосна релаксација.

Класичниот третман за релаксација на лице со природни производи (оризова маска и ароматични есенцијални масла базирани на тајни индонезиски рецепти) помага при подмладување на кожата на лицето, ги релаксира мускулите, ја обелува и затега кожата на лицето, ја навлажнува кожата, смирува иритации, ја подобрува  циркулацијата во зоната на лицето и го намалува стресот.

Самиот третман е мошне детален и тој започнува со чистење, пилинг, се користи ладен памук потопен со вода од рози или колагенска маска) и ревитализација со гел серум за ревитализација.

За овој третман користиме колаген серум (кавијар).

Опрема која се користи: Галваник или CoolCool.

 

Времетраење на третманот: 1 час 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Атена микродермоабразија на лице

Атена микродермоабразија претставува неинвазивна, без хемикалии процедура во која преку механички пилинг се отстранува последниот слој од кожата на лицето (stratum corneum) составен од суви мртви клетки и остава помлада, убаво измазнета, чиста и здрава кожа.

Исто така се подобрува продуктивноста на колаген и еластин.

Се користи механизам на абразија кој е за една употреба што значи е 100% хигиенски, и постојат три типа на абразија во зависност од типот на кожата.

Одличен е во комбинација со Intraceuticals Oxygen facial третманите.

 

Времетраење на третманот: 45 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Intraceuticals Oxygen третман на лице

Intraceuticals oxygen facial е комбинација на хипербаричен кислороден притисок заедно со intraceuticals serum infuser правејки процес на осмоза преку кој серумот директно навлегува длабоко во кожата и ја храни со хијалуронска киселина, витамини (А, Ц и Е) и антиоксиданти (алое вера и зелен чај), главни компоненти во спречувањето на процесот на стареење.

Во Асеана Ројал Спа  имаме три вида третмани:

– rejuvenate (подмладување)

– opulence (избелување на флеки и

темни дамки) збогатен со C complex

– atoxelene (измазнување на бори и брчки)

Ке добиете видливи резултати после првиот третман, кожата ќе ви биде свежа, здрава, брчките и борите ќе бидат измазнети, се подобрува продуктивноста на колаген и еластин.

Се користи Intraceuticals козметика соодветна за типот на третманот. За максимален ефект се препорачува пакет од 6 третмани.

За добро покажаните резултати говори америчката дива Madonna, која го рашири хитот на козметологијата  Intra ceuticals Oxygen Facial низ цел Холивуд.

 

Времетраење на третманот: 45 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Третман за зоната околу очите

Со овој третман се намалуваат борите околу очите и се подмладува кожата во оваа зона од лицето.

Чекорите на овој третман се: чистење, јонофореза (вбризгување на серум во кожата), масажа, маска (може да се користи ладен памук потопен со вода од рози или колагенска маска) и ревитализација со гел серум за ревитализација.

За овој третман користиме колаген серум (кавијар).

Опрема која се користи: Галваник или CoolCool.

 

Времетраење на третманот: 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ

Третман за нега на вратот

Со овој третман се намалуваат борите на вратот. Чекорите на овој третман се чистење,

јонофореза  (вбризгување на серум во кожата), масажа, маска (може да се користи ладен памук потопен со вода од рози или колагенска маска) и ревитализација со гел серум за ревитализација.

 

Времетраење на третманот: 30 минути

 

РЕЗЕРВИРАЈ