4 знаци кое вашето тело ви ги дава кога сте под стрес

4 знаци кое вашето тело ви ги дава кога сте под стрес
Ако препознаете некој од наведените симптоми на себе, уште пред да консултирате лекар треба да знаете дека сето тоа доаѓа од стресот. Затоа почесто смејте се и ќе уживате безгрижно во својата убавина

Чувствата имаат неверојатно моќен ефект не само врз оние кои ги сакате или откачувате туку и врз вашата убавина, односно врз вашата кожа. Денес постои цела гранка во медицината наречена психодерматологија која се фокусира на врската меѓу умот и кожата и третира кожни проблеми предизвикани под влијание на стресни состојби.

Стресот дури може да влијае врз квалиетот на косата и ноктите, а повратното влијание на стресот врз кожата како и на кожните проблеми кои предизвикуваат стрес може да ве фрли во маѓепсан круг. Знаејќи дека трагите кои нервозата, анксиозноста, нетрпеливоста спакувани во неиздржлива состојба на стрес ги оставаат на вас влијаат директно и врз изгледот – ќе се смрштите ли кога повторно ќе ви се развика шефот?

Сува и првутеста кожа

Прекинатиот доток на крв поради кој  кожата изгледа бледо исто така предизвикува и нејзино лупење. Кога сте под стрес, кожата може истовремено да реагира попримајќи блед изглед и првутејќи се на одредени места.

Чешање на бутините

Кога телото е под стрес, често ослободува хистамини, кои пак може да предизвикаат чешање, воспалување, исфрлање и осипи.

Болки во телото

Кога тензијата е продолжена, главните мускули остануваат стегнати и нефлексибилни. Протокот на крвата е прекинат, ослабувајќi ги мускулните влакна со кислород што доведува до нивно стеснување. Е, сега, не се чудете зошто ве болат рамената, вратот ви е стврднат, вилицата стегната и не можете да го голедате светот со насмевка.

Блед тен

Дали некогаш наутро сте се погледнале во огледало во средината на особено стресна недела прашувајќи се зошто излгледате така „испрано“? Е, па кожата нема доволно проток на крв, а токму оттаму доаѓа убавиот зарумент изглед.

Дамки и мозолчиња

Хормонот кој реагира на стрес, кортизолот, предизвикува телто да лачи повеќе андроген, секс хормонот кој го зголемува создавањето себум. Овој вишок себум ги затнува порите и предизвикува појава на црнки и мозолки.