5 причини да сакате повеќе, оти љубовта е живот – тврдат докторите!

5 причини да сакате повеќе, оти љубовта е живот - тврдат докторите!
Доволно е барем еднаш да сте биле вљубени за да знаете колку е точен овој исказ. Љубовта е единственото апстрактно нешто што видливо покажува конкретни резултати. Проучувајќи ја љубовта и биохемиските процеси со коишто е проследена, научниците доаѓаат до сознанија дека љубовта навистина го штити здравјето и му помага на организмот да функционира токму онака како што треба.

 

Го штити срцето

Истражувањето спроведено од научниците од универзитетот во Питсбург открива дека жените коишто живеат во стабилен брак многу помалку заболуваат од кардиоваскуларни болести отколку жените коишто се наоѓаат во стресни врски. Луѓето се социјални битија и тежнеат кон живот во стабилна врска. Ако не го реализираат тоа, или ако врската во којашто се наоѓаат не е исполнета со чувства на приврзаност, постои голема веројатност да се развијат посериозни болести, вклучително и срцев удар.

Го продолжува животот

Една американска студија којашто се спроведува уште од 1979 година, следи повеќе од милион луѓе и покажува дека луѓето во брак живеат значително подолго од самците. Покрај тоа, луѓето опкружени со љубов имаат значително помал процент на тешки болести како рак, а утврдено е дека значително помалку заболуваат од воспаление на белите дробови.

Јакнење на имунитетот

Многу стручњаци ја поврзуваат љубовта со побрено дејство на имунитетот и отпорноста на бактериите. Две нешта се неопходни за подобар имунитет – чувство на интимност и блискост и живот во заедница со друга личност. Со други зборови, квалитетната врска или бракот се предуслови не само за среќен живот туку и за добар имунитет.

За подобар изглед

Познато е дека вљубените личности блескаат и зрачат со здрав сјај, а тоа не е само мит, туку и научно докажан факт од страна на еден њујоршки дерматолог. Специјалистот дошол до ова сознание бидејќи личностите коишто имаат врамнотежен љубовен живот доживуваат многу помалку стрес, а со самото тоа низ телото патува и помало количество од хормонот коритизол, којшто предизвикува појава на акни и дамки на кожата и други неправилности.

Што уште да се каже – држете се за раце со партнерот бидејќи и тоа е научно докажано дека ја намалува болката. Држењето за раце го подобрува општото здравје и перцепцијата за болка. И чувството на пријателство ја намалува болката, ама не во толкава мера како љубовта.