Кои се придобивките од традиционалниот рачен третман за лице

Во културите каде изгледот на лицето е особено ценет, не е за изненадување фактот дека вашето лице најточно го опишува она што се случува под вашата кожа.

Асеана Ројал Спа ви овозможува чисто уживање со козметиката која не содржи хемикалии и се состои од природни антиоксиданси, подготвена во духот на негуваната традиција од времето на древното благородништво од Индонезискиот остров Јава.

Традиционалниот рачен третман за лице е еден од најстарите третмани за нега на кожата кој до денеска не се променил значително. Не може да го замени ниту еден друг третман бидејќи лачењето на себумот е природен процес во кожата, а кога порите ќе се наполнат мораме да ги исчистиме доколку сакаме кожата да ни биде здрава и кремите кои ги внесуваме да се впиваат.

Во традиционалниот рачен третман за лице се користат природни производи, а третманот се состои од чистење, пилинг, отстранување на црнки, масажа, маска и освежување.

Традиционалниот рачен третман за лице е хигиенски третман наменети за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата.

Освен природниот процес на лачење на себум, зголемено лачење предизвикуваат и други фактори , како што се слободните радикали, потење, нездрави животни навики и нетемелно чистење на кожата од шминка. Така да, механичкото чистење на лицето треба да биде дел од нашата рутина за убавина.

Традиционалниот рачен третман за лице спаѓа во основна хигиена на кожата и потребно е на сите, без оглед на типот, состојбата на кожата или возраст.

Со традиционалниот рачен третман за лице го подобруваме ослободувањето од токсините, ја подобруваме циркулацијата, ја намалуваме видливоста на проширените пори, ја изедначуваме пигментацијата и го редуцираме воспалувањето на кожата.

Мешаната и проблематичната кожа потребно е да се чистат почесто и на тој начин да се избегнат проширените пори и лузни од воспалителни процеси, а сувата и осетлива кожа поретко и со тоа ќе се осигура добар тонус кој знае да биде проблем на сувата кожа.

Придобивките од традиционалниот рачен третман за лице се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво.

Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство.

Традиционален рачен третман за лице се препорачува како основен третман за понатамошно третирање на кожата.

 Времетраење на третманот е еден час.

 

Традиционалниот рачен третман за лице обезбедува зголемена циркулација на лицето, намалување на проширените пори и подобар тонус на кожата #aseanaroyalspa #traditionalmanualfacial