Проверете кој е вашиот среќен ден !

Проверете кој е вашиот среќен ден !

Ако ги поврземе астрологијата и календарот, и да ги споредиме со владеењето на одредена планета во деновите од седмицата, според нашиот хороскопски знак можеме да дознаеме кој ден ни е најсреќен.

Секој ден, како и секој хороскопски знак, има планета која врши најсилно влијание, па на тој начин можеме да ги распоредиме своите активности во текот на седмицата.

Понеделник е ден со кој владее Месечината, прв работен ден кога околу себе обично имаме многу луѓе, па е поволен за склопување познанства и пријателства, а погоден е и за фамилијарни и пријателски собири. Бидејќи Месечината управува со нашите чувства, денот е створен токму за нив, а најпогоден е за Раковите на кои Месечината им е владетел.

Со вторник владее Марс, што обично не исполнува со енергија и самодоверба, па овој ден е идеален за решавање на пренатрупаните проблеми и надминување на препреките кои досега сме ги сметале како непремостливи. Секако, агресивниот Марс влијае на комуникацијата и затоа подобро е да не влегувате во расправии. Денот е погоден за Овните, бидејќи со нив владее Марс, а не е лош ниту за Шкорпиите со кои владее Марс во соработка со Плутон.

Среда е ден со кој мудро управува Меркур, па треба да се искористи за ментална работа од било кој вид – читање, пишување, студирање, учење нови вештини…Комуникацијата е особено добро во среда, затоа обидете се што повеќе состаноци да ги закажете токму овој ден. Близнаците и Девиците се чувствуваат посебно пријатно во денот со кој управува нивниот владетел Меркур.

 

Четврток го контролира Јупитер, планетата на среќата, оптимизмот и позитивната енергија, па затоа овој ден е најдобар за соочување со проблемите. Среќата која ја носи Јупитер помага при остварувањето на неизвесните цели. Стрелците и Рибите ќе уживаат во четврток.

Петок е ден на кого најголемо влијание има Венера, шармантната планета која ќе ви помогне да уживате во последниот работен ден и почетокот на викендот. Со оглед на тоа дека Венера е планета на љубовта, сите романтични состаноци би требало да се остварат токму во петок, а најдобро ќе се снајдат Биковите и Вагите.

Сабота е ден со кој управува Сатурн, планетата на одговорноста, дисциплината и организацијата. Во сабота обрнете внимание на деталите и послушајте го секој мудар совет кој ќе го добиете. Саботата е најдобра за Јарците и Водолиите, на кој Сатурн им е владетел заедно со Уран.

Недела, последен ден од седмицата чиј што владетел е Сонцето, што е јасен знак дека тоа е ден за одмор, опуштање и благородни активности. Добро е да се биде дарежлив и љубезен кон луѓето, бидејќи токму Сонцето ве тера кон тоа. Денот е погоден за Лавовите.