Дали знаете дека расправиите го чуваат вашето здравје

Едно истражување спроведено на Институтот за општествени истражувања при Универзитетот Мичиген спроведено на речиси 2000 испитаници покажало дека луѓето кои имаат несогласувања со директорот, сопружникот или детето и се трудат да не дојде до конфликт го ризикуваат своето здравје.

Избегнувањето на конфликт може да донесе повеќе симпоми на физички проблеми отколку впуштањето во расправија. Кај оние кои поднесуваат тензии во текот на денот е забележано и високо ниво на хормонот за стрес кортизол.

Претходни истражувања, пак, покажаа дека брачни партнери кои избегнуваат караници порано умираат, и дека издржувањето на лутината е поврзано со чувството за контрола и оптимизам.