Како позитивните мисли ја намалуваат болката

Како позитивните мисли ја намалуваат болката

Позитивниот начин на размислување влијае на тоа како ја доживуваме болката, тврдат научниците на британскиот Универзитет Рединг.

Само пет минути на когнитивно бихејвиористичка терапија, која се служи со позитивни мисли, ја намалува болката за 60 отсто, пишува Дејли Мејл.

Научниците со помош на термални сонди кај испитаниците на возраст помеѓу 28 и 31 година предизвикале болка, со тоа што дел од испитаниците биле подложни на когнитивна терапија. Оние кои биле на третман со позитивни мисли, чувствувале до 58 отсто помалку болка отколку оние во контролната група, потврдило истражувањето.

Кај луѓето кои се лекувале со позитивни мисли, болката  се намалила за 38 отсто, додека кај другите се зголемила за осум отсто.

„Когнитивната бихејвиорална терапија го менува начинот на кој мозокот доживува болка. Тоа во голема мера би можело да им помогне на хронично болните лица, истакнува водачот на студијата, д-р Тим Саламонс.