Добивате 50% попуст од вредноста на услугата а уживате до 31.12.2020! Количините се ограничени! Промоцијата трае до 1.мај.2020.
Мадеротерапија е терапија која потекнува од Колумбија и која се заснова на користење на анатомски изградени елементи од дрво кои ја прават терапијата 100% природна без алергиски реакции на кожата. Оваа терапија претставува алтернатива на регуларна длабинска масажа за клиенти со диспропорционални, локализирани масни наслаги и целулит.
Предноста на користење на специјално обликувани дрвени елементи овозможува интензивен притисок на фиброзниот целулит и отстранување на масни наслаги заедно со останатите токсини. Техниката на оваа масажа подразбира серија движења кои се повторуваат користејќи повеќе различни дрвени елементи.
Применувајќи ги овие елементи на мускулите, масните наслаги и целулитот, го стимулираме лимфниот систем на телото и со тоа го ослободуваме од акумулирани токсини. Ова ослободување од токсини го поттикнува метаболизмот да ги согорува мастите. Исто така, се разбиваат џеповите од упорниот целулит, се намалуваат отоците на кожата и се овозможува израмнување на ‘’кората од портокал’’.
Зачекорете во единствениот спа центар каде се спојуваат древната мудрост на Бали и безвременската убавина и здравје.
Со желба да го понуди само најдоброто искуство на своите клиенти, нашиот СПА центар има холистички пристап во кој се користат повеќевековните традиционални методи за убавина и здравје и се применуваат во текот на човековиот животен циклус. „СПА за убавина и хармонија“ е инспирирана од древната мудрост и индонезиската традиција на капење и грижа за убавината во текот на целиот живот, во комбинација со „модерниот“ тренд на враќање кон природата.
На нашите клиенти им нудиме уникатно и автентично спа искуство – место каде тие ќе можат да го опуштат телото, умот и духот. …